Тимот на Еурофарм Пелистер имаше успешен тест пред гостувањето кај португалскиот Спортинг Лисабон во Лигата на Европа. Избраниците на Жељко Бабиќ без поголеми проблеми славеа во братскиот дуел над Еурофарм Пелистер 2 со 20-38.
Неизвесност имаше само во првите десетина минути кога беше 4-6 водеше првиот тим на битолчани. Потоа серија на брз голови преку Велковски и Костески и веќе беше 4-11, па стана јасно во каков правец ќе се движи овој натпревар.
Намалија избраниците на Александар Јовиќ на 9-14 во продолжение од мечот, но до крајот на полувреме примија уште четири гола, а не дадоа ниту еден, па Еурофарм Пелистер имаше безбедни плус девет, 9-18, на паузата.
Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометари што им беа на располагање на двата тренери. Резултатски немаше големи промени и мечот заврши со убедлива победа на Еурофарм Пелистер oд 18 погодоци разлика.
Најдобар стрелец во Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со десет погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски даде четири гола.