Тимот на Еурофарм Пелистер по триумфот над Металург, забележа втор триумф во серија во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеше рутински над Еурофарм Пелистер 2 со 28-21.
Избраниците на Александар Јовиќ отворија со водство од 2-4, но набрзина поискусниот ривал врати со серија од пет голови за 7-4. Во продолжение беше 12-6, но до крајот на паузата Еурофарм Пелистер 2 успеа да намали од негативата, 14-10.
Во вториот дел набрзина момците на Жељко Бабиќ стигнаа до највисоките плус шест, 18-12, но едно мало опуштање во нивните редови и вториот битолски тим веднаш се врати во мечот и намали на минус еден, 19-18.
Сепак во продолжение Еурофарм Пелистер заигра посериозно, но толку колку што требаше за победа и на крајот ги запиша бодовите со триумф од седум гола разлика, 28-21. Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Охрид, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе игра дома против Бутел Скопје.