Еурофарм Пелистер рутински до Ф4 во Купот по триумфот над Охрид

Еурофарм Пелистер закажа ново учество на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, освојувајќи го турнирот чиј домаќин беа, и во финалето го победија Охрид со 27-21 (14-11).
Битолчани беа фаворити на овој четвртфинален турнир од Купот и тоа го потврдија со двете победи, прво против Алкалоид 32-26 во полуфиналето, а потоа и во финалниот меч. Охрид до финалето во групата дојде по триумфот над Драчево од 41-27.

Победникот на средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид беше потврден во второто полувреме кога домашните ракометари во 40 минута првпат имаа водство до „плус 5“ за 19-14. Потоа таа разлика се зголеми на 23-16 во 49 минута преку Граџан. Претходно полека ја зголемуваа предност

Највисоката предност Еурофарм Пелистер ја имаше во 56 минута кога првпат поведоа со „плус 7“ за 26-19, а пред самот крај и 27-20.

Почетните 15-тина минути од мечот беа рамноправни, барем резултатски по што битолчани поведоа со 2-3 гола, до највисоки „плус 4“ за водство 12-8 и 13-9. На полувреме разликата беше 14-11 за Еурофарм Пелистер.

Во тимот на Еурофарм Пелистер со осум гола најефикасен беше Стипе Мандалиниќ, а Јосип Бозиќ Павлетиќ постигна шест гола. Кај Охрид, Мице Шилегов постигна седум гола, од што пет од пенал.