Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес претрпе пораз од Монпелје на традиционалнион ТВ турнир на шампионите во босанскиот град Добој.
Францускиот тим во дуелот со тимот на Александар Јовиќ триумфираше со 29:26. Победата на Монпелје беше обезбедена во вториот дел, откако пелистерци покажаа квалитет во првите 30 минути и рамо до рамо се носеа со поранешниот европски шампион.
Еурофарм Пелистер одигра одлично во првото полувреме, во кое беше повеќе од рамноправен противник. Во второто полувреме дојде до израз квалитетот на двете екипи, битолчани сѐ повеќе грешеа, до 45-та минута постигнаа само три, а примија 11 гола. Тоа беше периодот кога Монпелје ја направи клучна разлика.
Македонскиот претставник немаше сили да го запре залетаниот Монпелје, па поразот беше неизбежен. Ракометарите на Јовиќ по кризниот период во првите петнаесетина минути од второто полувреме полувреме, го поправија впечатокот и одиграа квалитетно во завршниот дел.
Еурофарм Пелистер во првото коло беше поразен од актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли, додека во второто коло од турнирот го совлада домаќинот Слога Добој.
По одигрувањето на сите денешни натпревари, ќе биде познато кој против кого ќе разигрува за пласман.