Од 12 до 16 август на отвореното игралиште во Струга ќе се одржи 48. издание на традиционалниот струшки турнир. За разлика од минатите години овој пат ќе има само екипи од Супер лигата за кои ова ќе биде одлична можност за подготвителни средби и контрола на квалитетот и сработеното во досегашниот дел од подготовките.
Вкупно осум екипи се поделени во две групи, а во првите четири дена од турнирот ќе има по три натпревари. Уште на стартот ќе биде видено дерби и тоа меѓу Еурофарм Пелистер и Металург така што ова ќе биде дуелот кој ќе најави интересен турнир.
Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Варда е во другата група и стартува против Охрид, но на вториот ден од турнирот откако во првиот е слободен. Вообичаено четири дена ќе се разигрува, а финалето е предвидено за 16 август од 21:15 часот.
48. РАКОМЕТЕН ТУРНИР СТРУГА 2020
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
СРЕДА, 12 АВГУСТ
17:15ч
СТРУГА – ПРИЛЕП
18:45ч
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
19:30ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД
21:15ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ
ЧЕТВРТОК, 13 АВГУСТ
17:15ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:30ч
МЕТАЛУРГ – ПРИЛЕП
21:15ч
ВАРДАР – ОХРИД
ПЕТОК, 14 АВГУСТ
17:15ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП
19:30ч
СТРУГА – МЕТАЛУРГ
21:15ч
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
САБОТА, 15 АВГУСТ
17:15ч
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:30ч
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21:15ч
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
НЕДЕЛА, 16 АВГУСТ
10:00ч
НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО
17:45ч
НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО
19:30ч
НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО
21:15ч
ФИНАЛЕ