Битолскиот ракометен гигант очекувано се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако со 28-21 (17-10) го победи Пролет. За „зелените“ од Битола ова е 14. финале во Купот каде ќе го чекаат победникот од дуелот Вардар – Алкалоид.
Еурофарм Пелистер долго време го чека враќањето на Куп трофејот кој последен пат беше во нивните витрини во 2025 година. Се надеваат дека ова ќе биде нивна година. Лесно се справија со тимот на Пролет кој и пред овој Ф4 беше единствениот аутсајдер од четирите тимови.
Се беше решено уште во првото полувреме кога Еурофарм Пелистер водеше со 17-10. Имаше можност Александар Јовиќ тренерот на битолчани да игра и со комбиниран тим, и да ги сочува силите за натпреварот во кој ќе се борат директно за трофејот. Ги одмараше Ојлески, Лесјак и Суси, а повредени се Сери и Дејвис. Во тимот се врати Мартин Велковски кој после повредата доби посериозна минутажа на терен.
Разликата во квалитет е очигледна, и зависи само колку битолчани ќе „запнат“ до крајот. Пролет и со самиот настап на Ф4 турнирот го исполни планот, и се ова е само искуство за младите ракометари.
Неизвесно беше само околу средината на првото полувреме кога Пролет намали на 7-5 што беше единствениот период во кој скопскиот тим се „закани“ на фаворитот. Потоа следуваше тајмаут на Еурофарм Пелистер по што битолчани направија серија од 5-0 со што поведоа со 12-5.
Веќе беше јасно дека битолчани ќе играа во сабота во финалето, и им останува само рутински да ги одработат вторите 30 минути.
Куп 2023: Еурофарм Пелистер – Пролет
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ реши да игра со „македонски состав“ и само со пивотменот Денис Васиљев. На сите други позиции беа домашни ракометари кои одлично си ја завршија домашната задача. Единствената измена беше Милорад Кукоски во одбрана на местото на Марио Танкоски
Во второто полувреме шанса за играње добија и Жарко Пешевски, Мирко Радовиќ, Петар Атанасиевиќ, Дарко Стевановиќ. Еурофарм Пелистер беше подобар па стиган и до „плус 9“ поведувајќи со 20-12, 22-13 и 23-14. Потоа следуваше период на олабавување кај битолчани па Пролет намали на 23-16. До крај само рутински Еурофарм Пелистер ја одржа предноста.
Седум гола постигнаа Цветан Кузмановски, а пет Ненад Костески, кај Еурофарм Пелистер. Кај Пролет најпрецизен беа Давор Палевски со 6 и Георгиј Спасовски со 5 гола