Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер ќе излезат на мегдан против составот на Архус и ќе атакуваат на трета европска победа во новата сезона од Лига на Европа.
Избраниците на Ларс Валтер откако денес пристигнаа во Архус го одработија првиот тренинг пред утрешниот натпревар и се запознаа со салата каде што ќе се игра натпреварот.
Првиот дуел меѓу двете екипи, кој беше одигран на почетокот на сезоната, односно во месец октомври, заврши со победа на Архус од 30:27.
Еурофарм Пелистер во досегашниот тек во второто по ранг европско натпреварување забележа две победи, едно реми и три порази.
Натпреварот меѓу Архус и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.