Ракометарите на Еурофарм Пелистер после освојувањето на турнирот во Струга имаат можност успехот да го потврдат на уште едно место, а станува збор за нов турнир кој ќе биде организиран во Атина.
Екипата на АЕК е домаќин на три клуба на првото издание од турнирот во чест на поранешниот ракометар на овој клуб, Андреас Папастаматис.
Еурофарм Пелистер е еден од гостите, а тука се и Диомидис Аргус, кој е двократен освојувач на првенството на Грција и освојувач на Челенџ купот, како и вицешампионот на Кипар, Анортозис.
Турнирот се игра од петок до недела, а главниот дуел се игра последниот дел кога Еурофарм Пелистер ќе игра против АЕК.
Комплетниот распоред и саатници за старт на натпреварите можете да ги погледнете во продолжение.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЕТОК, 4 СЕПТЕМВРИ
17:00ч
АЕК – ДИОМИДИС АРГУС
19:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АНОРТОЗИС
САБОТА, 5 СЕПТЕМВРИ
10:00ч
АЕК – АНОРТОЗИС
12:00ч
ДИОМИДИС АРГУС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
16:00ч
ДИОМИДИС АРГУС – АНОРТОЗИС
18:00ч
АЕК – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР