Еурофарм Пелистер најде лек за Вардар, битката за тронот станува сè пожешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Вардар (Супер машка лига, плеј-оф)

Екипата на Еурофарм Пелистер дојде до победа од 29:25 против Вардар во натпреварот од 10. коло од плеј-офот во Супер машката лига и двете екипи се израмнија на табелата.

Екипата на Вардар беше запрена на гостувањето во Битола и претрпе пораз од 25:29 кај составот на Еурофарм Пелистер. Со овој пораз тимот на Вардар сега веќе нема предност од три бода пред битолчани туку двете екипи се израмнети, а минималната предност е само од меѓусебниот дуел. Вардарци останаа лидери, но овој пораз покажа дел од слабостите кои ги има тимот. Еурофарм Пелистер иако беше без својата прва ѕвезда Мандалиниќ и младиот Мараш успеа да го надигра Вардар така што се врати во трката за титулата во Супер машката лига.