Еурофарм Пелистер му закажа двобој на Вардар за пехарот во Купот на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје (Куп на Македонија)

Составот на Еурофарм Пелистер е вториот финалист во Купот на Македонија после победата од 38:23 против Бутел Скопје.

Составот на Еурофарм Пелистер дојде до победа од 38:23 во второто полуфинале од Купот на Македонија против Бутел Скопје и се избори за пресметка со Вардар за првиот трофеј сезонава. Овие две екипи ќе имаат нов дуел и следниот четврток во Битола во првенството така што ова е најава за два возбудливи настани во кратко време меѓу главните клубови во оваа сезона. Денеска Еурофарм Пелистер конечно успеа да го надмине она што беше проблем во минатите сезони кога не можеше да го помине полуфиналето, па сега е шансата конечно да се игра за трофеј.