Ракометарите на Еурофарм Пелистер во натпревар од 5. коло од плеј-оф фазата во Супер машката лига остварија убедлива победа на гостувањето во Бутел кај истоимената екипа, со резултат 17:26.
Избраниците на Жељко Бабиќ уште од самиот почеток покажаа како ќе се одвиваат работите на терен. Домашниот состав поведе само на стартот со 1:0 и во преостанатиот дел од натпреварот тешко можеше да се надигрува против актуелниот лидер, кој во првото полувреме рутински ја одработи својата задача и на пауза замина со резултатска предност од плус четири, 8:12.
Гостите од Битола во второто полувреме од минута во минута го зголемуваа своето водство, па така предноста од првиот дел, која беше четири гола, во 40, минута беше надоградена за високо водство на „фармацевтите“ од плус седум, 10:17. Еурофарм Пелистер до крајот на натпреварот ја диктираше играта на терен и денешното гостување во Бутел го завери со убедлива победа.
Предводник во победничката екипа беше Јосип Божиќ Павлетиќ со седум погодоци, додека Стипе Мандалиниќ и Елмир Граџан постигнаа по четири гола во мрежата на домаќинот. Кај Бутел прв стрелец беше Јовица Младеновски со четири погодоци.