Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до нова победа во Супер машката лига откако на свој терен ја совлада Струга со 45:20 и со три од три ќе го дочека дуелот против Вардар во 4. коло во Скопје.
Гостите дадоа отпор на стартот од натпреварот и парираше при што успеа да израмни на 1:1 и 2:2. Потоа се одржа на негатива од гол до два. Сепак, при 7:6 ракометарите на Еурофарм Пелистер како да уфрлија во повисок степен и заиграа поинаку така што почнаа да ја зголемуваат предноста.
Набрзина дојдоа до 14:6 и тука го решија натпреварот. Со серијата од 7:0, а потоа и добрата игра до крајот на првиот дел стана јасно дека Струга нема да има шанси на овој дуел.
До крајот на првиот дел разликата се искачи на 11 погодоци, па на одмор се замина со 22:11.
Овие плус 11 беа доволни во продолжение да се игра мирно и сите да добијат шанса да се најдат на терен. Домашните лесно реализираа после добрата одбрана и постигнаа над 40 погодоци. На крајот резултатот беше 45:20 така што со овие бодови тимот на Еурофарм Пелистер останува високо на табелата во Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА