Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаат само реми на полувреме против хрватскиот Нексе Нашиице, 11-11, во реванш средбата од осминафиналето на Лигата на Европа, иако водеа и со четири гола во текот на првиот дел.
Битолчани отворија со 2-0 преку Мараш и Табоада, а Нексе врати преку Јагањац. Беше 3-1, а по десет минути и 5-2, откако домашната одбрана не дозволи да биде совладана шест минути.
Капитенот Периќ со гол од пенал зголеми на 6-3, а Маркоски имаше шанса да донесе плус четири, но Радовановиќ одбрани. Битолчани имаа една црна дупка во нападот, но ниту Нексе не беше подобар, па долго време беше 6-3.
По неколку пропуштени напади за плус четири, конечно тоа му успеа на Мандалиниќ во 18. минута, кога беше 7-3. Радовановиќ му одбран два шута на Табоада и Нексе веднаш ја преполови негативата, 7-5.
Хрватскиот вицепрвак намали на 8-7, имаше шанса и за реми, но Секељ одбрани, а на спротивната страна Периќ донесе 9-7. Тоа што не им успеа од прва, го направија од втора, па гостите во 25. минута беа во егал, 9-9.
По два пропуштени напади на битолчани, Кевиќ донесе прво водство за Нексе на натпреварот, 10-11. Мараш израмни на 11-11, а гостите не погодија на празен гол, па на пауза се замина со реми.