Европската ракометна федерација ги објави тимовите што се пријавиле за место во Лигата на шампионите.
Кај мажите има десет сигурни места во групната фаза, меѓу кои едно е за Вардар, додека остануваат уште 6 слободни места за кои конкурираат дури 13 екипи, меѓу кои и Еурофарм Пелистер.
ПИК Сегед, Висла Плок, Адемар Леон, ГОГ Гудме, Нант и Спортинг Лисабон заедно со битолчани аплицираа како второпласирани во домашните шампионати, а како шампиони се пријавија Бешикташ, Мотор Запорожје, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Мешков Брест.
Кај дамите има девет сигурни места во групната фаза, а за слободните 7 места конкурираат уште 11 тимови, меѓу кои и нашиот Куманово.
ЦСКА Москва, Битигхајм, Брест Бретањ, ФТЦ, Сторхамар и кумановци побараа дополнително место, додека како шампиони од држави што немаа директно место во ЛШ, место побараа Бањик Мост, Подравка, Крим, Хор и Кастамону.
ЕХФ ќе ги објави сите тимови што ќе добијат место во ЛШ на 19 јуни, а ждрепката е на 1 јули.