Еурофарм Пелистер има плус еден на одмор против Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа добро прво полувреме на првиот натпревар против Татабања и на одмор има предност од еден гол, 11:10 иако во добар дел од првите 30 минути имаше плус пет разлика.

После тешкиот почеток во кој и двата состави имаа проблеми бидејќи тешко доаѓаа до реализација. Гостите беа тие што водеа со 1:0 и 2:1, но Еурофарм Пелистер успеа да ја најде играта и со неколкуте одбрани на Хендави да успее да влезе во серија од 6:0.

Од 4. до 17. минута гостите не постигнаа погодок, па Еурофарм Пелистер стигна до предност од 7:2 и успеа да ги постави работите на едно убаво ниво кое даваше надежи за добро продолжение на средбата.

Овие пет гола се чуваа до 23. минута кога беше 9:4, а потоа се влезе во еден лош период во кој до крајот на првото полувреме беа постигнати само два гола, а примени шест така што гостите се вратија во натпреварот.

Место на одмор се има убедлива предност тимот од Битола имаше само еден погодок и водеше со 11:10.

Најефикасен после првото полувреме во редовите на Еурофарм Пелистер е пивотот Томислав Кушан со четири гола, по два имаат Мараш и Мандалиниќ, а по еднаш реализираа Ојлески, Кукуловски и Стјепановиќ. Во редовите на Татабања најмногу голови после првите 30 минути има Матијас Ѓери. Тој постигна четири гола.