Еурофарм Пелистер игра моќно, врза четири победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Татран Прешов (СЕХА лига)

Екипата на Еурофарм Пелистер дојде до втората победа во третиот меч од Групата А во СЕХА лигата откако на домашен терен го совлада Татран Прешов од Словачка со 28:16.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Татран Прешов со убедливи 28:16 во регионалната СЕХА лига.  Избраниците на Жељко Бабиќ во ниту еден момент не му дозволија на ривалот да помисли дека може со позитивен резултат од Битола.  Ова беше одличен тест за битолчани пред последниот дуел од Лигата на Европа против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Граџан со седум и Периќ со шест погодоци.