Екипата на Еурофарм Пелистер имаше лесна задача во братското дерби со Еурофарм Пелистер 2, триумфираше со убедлив резултат од 39:18, во натпревар од 4. коло од плеј-оф фазата во Супер машката лига.
Уште од самиот почеток разликата во квалитет меѓу двете екипи беше видлива на теренот. Избраниците на Жељко Бабиќ стартуваа фуриозно и за десетина минути игра дојдоа до големо водство од 7:1. Младите „фармацевти“ во следниот период се обидуваа да намалат дел од резултатската негатива и во 18. минута преку Митревски намалија на минус четири, 7:11.
Еурофарм Пелистер, кој на овој натпревар беше формално домаќин, со серија од 4:0 се одлепи на 15:7. Тука веќе беше јасно како ќе се движат работите во останатиот дел од натпреварот. По 30. минути игра, резултатот гласеше 19:10 за „поголемиот“ брат.

Второто полувреме беше само формалност, во која шанса за настап добија сите ракометари што им беа на располагање на двата тренери. Водството на Еурофарм Пелистер се зголемуваше од минута во минута, па така во 45. минута „домаќините“ имаа плус 16 гола разлика, 31:15. Ракометарите на Еурофарм Пелистер во последниот период од натпреварот ја надоградија високата предност за конечни 39:18.
Најефикасни во победничката екипа беа Мирко Радовиќ со седум и Јосип Божиќ Павлетиќ со шест погодоци. Во вториот тим се истакнаа Стефан Талевски со четири и Христијан Митревски со три гола.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕРЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
11 април 2022
39 - 18Крај |
Детали
| Датум | Време | Лига | Сезона | Крај |
|---|---|---|---|---|
| 11 април 2022 | 02:42 | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 60' |
Место
| Спортска сала „Боро Чурлевски“ |
|---|
Резултати
| Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
|---|---|---|---|
| ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР | 19 | 39 | Победа |
| ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 | 10 | 18 | Пораз |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| 2 | Матео Мараш | десен бек | 0 | 1 |
| 3 | Гоце Ојлески | лево крило | 0 | 5 |
| 4 | Никола Маркоски | пивот | 0 | 2 |
| 6 | Бојан Маџовски | лево крило | 0 | 5 |
| 7 | Дејан Кукуловски | лев бек | 0 | 5 |
| 9 | Стипе Мандалиниќ | лев бек | 0 | 1 |
| 12 | Мартон Секељ | голман | 0 | 0 |
| 13 | Мирко Радовиќ | десен бек | 0 | 7 |
| 14 | Марио Танкоски | централен бек | 0 | 1 |
| 18 | Јосип Периќ | централен бек | 0 | 1 |
| 19 | Ненад Костески | десно крило | 0 | 0 |
| 24 | Милорад Кукоски | лев бек | 0 | 0 |
| 32 | Јосип Божиќ Павлетиќ | десно крило | 0 | 6 |
| 59 | Елмир Граџан | пивот | 0 | 5 |
| 74 | Немања Обрадовиќ | централен бек | 0 | 0 |
| 98 | Марко Кизиќ | голман | 0 | 0 |
| Вкупно | 0 | 39 |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Бобан Ристевски | голман | 0 | 0 |
| 7 | Андре Буторац | десен бек | 2 | 4 |
| 10 | Христијан Митревски | десен бек | 0 | 4 |
| 12 | Христијан Јовановски | голман | 0 | 0 |
| 16 | Благојче Трајкоски | голман | 0 | 0 |
| 22 | Иван Димитровски | лево крило | 0 | 0 |
| 23 | Стефан Талевски | централен бек | 0 | 4 |
| 24 | Никола Стоилевски | десно крило | 0 | 0 |
| 33 | Петар Атанасијевиќ | лево крило | 0 | 1 |
| 34 | Емилијан Ѓорговски | лев бек | 0 | 1 |
| 44 | Ненад Белистојановски | - | 0 | 2 |
| 59 | Трајче Мицевски | - | 0 | 1 |
| 84 | Мартин Табаковски | - | 0 | 1 |
| 88 | Димитриј Блажевски | десен бек | 0 | 0 |
| Вкупно | 2 | 18 |
Officials
| Судии: | Делегат: |
|---|---|
| БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО НАЧЕВСКИ ВИКТОР | НИКОЛОВСКИ АЦО |



ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР





















