Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од 26:29 против Кадетен ја завршија групната фаза и во осминафиналето за противник ќе го имаат тимот на Магдебург.
Од почетокот на средбата Кадетен тргна подобро и успеа да наметне свое темпо. Брзо дојде до предност од два гола и не дозволуваше Еурофарм Пелистер да израмни. Ракометарите на претставникот од Македонија тешко доаѓаа до погодок, а првиот го имаа во 7. минута. Тоа беше казнувано од домашните, но не премногу, па на средина на првото полувреме беше 5:2.
Во 20. минута беше обезбеден резултат од 9:5 и полека стануваше јасно дека Еурофарм Пелистер тешко ќе може до враќање во средбата, па до полувреме само се одржуваше разликата за на одмор да се замине со 16:12 за домашните.
На почетокот на второто полувреме проблемите за тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ станаа поголеми. Милорад Кукоски доби директен црвен картон, па тимот од Битола остана без главниот дефанзивец. Тоа је направи потешка задачата во одбраната, но разликата беше стабилизирана.
Само на моменти Кадетен имаше плус шест гола бидејќи главно беше 3-4 погодоци. Сето ова беше можност да се влезе мирно во финишот, а беше јасно дека Еурофарм Пелистер нема да може да направи пресврт така што бодовите останаа за Кадетен.
Со овој резултат Кадетен се најде на 2. позиција во Групата Д и ќе игра со Монпелје во осминафиналето, додека Еурофарм Пелистер за ривал ќе го има составот на Магдебург. Во двете комбинации и едниот и другиот тим немаа многу избор за ривал во елиминациите.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА