„Еурофарм Пелистер е типичен балкански тим, мора да му покажеме дека сме главни дома”

Екипата на Еурофарм Пелистер утре го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите.

Битолчани силите ќе ги одмерат со данскиот вицепрвак Алборг, кој е еден од тимовите кои атакуваат на пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Еурофарм Пелистер со пораз ја започна сезоната во елитата, убедливо загуби од Колстад во Битола, додека Алборг го изненади Келце.

Словенечкиот репрезентативец и член на Алборг, Алекс Влах, ги истакна своите очекувања за утрешниот дуел со македонскиот шампион.

,,Јас сум играл против Еурофарм Пелистер и претходно и се работи за типичен балкански тим. Ако влезеш да се бориш со нив,, тие се подготвени да удрат и да го искористат тоа во своја полза. Исто така, тие се многу силен физички тим, па мора да им покажеме дека сме господари во нашата арена и дека ова е нашиот дом”, изјави Влах.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во „Шпаркасен Арена“, со почеток од 20:45 часот.