Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ќе ја стартува новата сезона во регионалната СЕХА лига.
Ривал на избраниците на Ларс Валтер ќе биде српскиот шампион Војводина, која во првото коло славеше против Нексе Нашице.
Тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ се надева на позитивен резултат во денешниот дуел со ,,фармацевтите”.
,,Одличната игра и победата над Нексе е позади нас и можам да кажам дека сме полни со самодоверба пред уште еден тежок меч. Еурофарм Пелистер е многу добра екипа составена од многу интернационалци. Тренерот им е од Данска и екипата има големи амбиции, но и Нексе имаше големи амбиции, па ние успеавме да победиме”, изјави Ројевиќ.
Своите очекувања за денешниот дуел со битолскиот тим ги сподели и кружниот напаѓач на Александар Куртеш.
,,Во последно време играме одлично и во одбрана и во напад. Се радуваме на натпреварот против Еурофарм Пелистер во кој уште еднаш ќе дадеме се од себе. Имаме голем респект кон нашиот противник, но исто така знаеме колку сме добери. Би ги поканил навивачите да дојдат и да ни дадат поддршка на овој натпревар”, изјави Куртеш.
Натпреварот помеѓу Војводина и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во терминот од почнува од 18:00 часот.