Екипата на Еурофарм Пелистер, која моментално се наоѓа во Маврово на подготовки, од денес е целосно комплетна, откако во тимот на „фармацевтите“ пристигна последното засилување, репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни.
Тунижанецот поради репрезентативни обврски отсуствуваше од првата фаза од подготовките, кои се одржаа во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Стручниот штаб на чело со тренерот Ларс Валтер, изготви програма за работа, која цела недела ги држи активни ракометарите. Базичната фаза на припреми во Маврово ќе трае до крајот на оваа недела, а потоа пелистерци се враќаат во Битола.
По враќањето од Маврово првиот и вториот тим ќе одиграат пријателски натпревар, а потоа првиот тим го очекува настап на Струшкиот турнир.
По Струшкиот турнир пак следуваат и четвртфиналниот дуел со Мешков Брест во СЕХА лигата, како и мечот од Супер Купот против Вардар.