Еурофарм Пелистер доби нов капитен (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер, која моментално во Маврово ја одработува втората фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона, доби нов капитен.

Капитенската лента во новата сезона ќе ја предводи миленикот на „Чкембари“, Мирко Радовиќ, кој ја прифати понудата од стручниот штаб да ја преземе одговорноста во новата сезона, во која тимот ќе оди на освојување на титулата на домашна сцена, како и на добар настап во Европа.

 

 

Радовиќ имаше одлична сезона така што немаше многу дилеми околу тоа кој би бил носител на капитенската лента во новата сезона, 2022/23.