Еурофарм Пелистер го претстави новиот голман (ФОТО)

Репрезенативецот на Египет и прв избор за голот на оваа селекција, Карим Хендави пристигна во Битола и се стави на располагање на тренерот Жељко Бабиќ за продолжението од сезоната во сите натпреварувања.

Хендави беше договорен за време на Светското првенство така што немаше никаква дилема околу неговото доаѓање во Битола, па што се средија потребните документи пристигна и вчера беше претставен.

Со Карим Хендави се добива на уште поголем квалитет на голманската позиција така што е сосема јасно дека Еурофарм Пелистер во продолжение на сезоната ќе има тројца квалитетни голмани. Сега ги има Хендави, Трајкоски и Чаневски, па тимот добива на дополнителен квалитет.

Како што може да се забележи од фотографијата, Хендави и во Еурофарм Пелистер ќе игра со истиот број со кој настапува и во националниот тим, 88.

Составот на Еурофарм Пелистер утре гостува во Загреб каде што ќе има натпревар од СЕХА лигата додека веќе в среда и в четврток во Битола ќе игра против составот на Татабања во рамки на Лигата на Европа. На тие дуели се очекува и дебито на Карим Хендави на голот на Еурофарм Пелистер.