Тимот на Еурофарм Пелистер кој минатата сезона финишираше на 2. позиција во Супер лигата и загуби во финалето од Купот на Македонија, од денеска е одново во акција, а ракометарите почнаа со тренинзи така што ќе биде активно во продолжение на летото.
Ракометарите денеска ги почнаа тренинзите во Битола, но за разлика од втората екипа првиот тим ќе остане само четири дена во базата бидејќи веќе в петок комплетниот тим заминува за Маврово каде што ќе се тренира една недела.
Составот на Еурофарм Пелистер го очекува напорно лето, а веќе на 11 јули е првиот голем натпревар односно средба за пехар. Тоа е дуелот против Вардар од Супер купот на Македонија.
Потоа ќе следува учество на струшкиот турнир, а на 21 јули е првиот натпревар од четврт-финалето во СЕХА лигата против Мешков Брест.
Еурофарм Пелистер почна со тренинзи
Веќе се добро познати новите ракометари во тимот. Летово пристигнаа: Марко Кизиќ (Вардар), Рение Табoaда (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељ (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб). Тимот го напуштија: Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави, Благојче Трајковски и Невен Стјепановиќ.