Еурофарм Пелистер ги дозна судиите за СЕХА дуелите: Унгарци во Нашице, Срби во Битола

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер го очекува двомечот со хрватскиот Нексе Нашице во рамките на осминафиналето на регионалната СЕХА лига.

Пред неколку дена познати беа термините, а сега се познати и арбитрите за претстојните два меча.

Во Нашице, наптреварот што се игра на 1 февруари од 15:00 часот, ќе го судат Унгарците Петер Хорват и Балаж Мартон, а делегат е Петер Елеш.

Реванш натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, кој почнува од 20:15 часот, ќе го судат Србите Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ, а делегат е Борис Ивановиќ.