Со одигрувањето на реванш средбите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа, познати се 24 учесници во групната фаза од второто по ранг клупско натпреварување.
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер има директно место во групната фаза и ќе ја чека ждрепката в четврток во Виена за да ги дознае ривалите.
Битолчани ќе бидат дел од вториот шешир заедно со шведскиот Иштад, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и шпанскиот Гранољерс, со кои нема да играат во групите.
Но опасноста доаѓа од четвртиот и петтиот шешир. Тука се некогашните европски прваци Фленсбург, Бидасоа и Монпелје, потоа Гепинген, Спортинг Лисабон, Нексе…
Ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа ќе се одржи в четврток со почеток од 11:00 часот.
Лига на Европа, 2022/23, ждрепка:
шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Ан Прованс, Скјерн
шешир 2: Еурофарм Пелистер, Иштад, Гранољерс, Кадетен Шафхаузен
шешир 3: Татран Прешов, Мотор Запорожје, Валур, Балатонфуреди
шешир 4: Фленсбург, Бидасоа, Гепинген, Спортинг
шешир 5: Монпелје, Орхус, Бенидорм, Нексе
шешир 6: Веспрем КФТ, Агуаш Санташ, Алпла Хард, Ференцварош