Екипата на Еурофарм Пелистер дојде до победа од 25:21 на дуелот против третопласираниот состав во плеј-офот од Супер машката лига, Пролет со што продолжува трката за титулата.
Во текот на целата средба имаше неизвесност и возбудлива игра така што нијанси беа во прашање кој ќе биде во предност. Имаше неколку пресврти во првите неколку минути, но немаше предност која би гарантирала мирна игра во продолжението од натпреварот.
Составот на Пролет беше рамноправен ривал во првото полувреме, а во завршните минути дојде до предност за гостите од два разлика кои на пауза заминаа со 14:12.
Вториот дел од средбата донесе израмнет почеток. Пролет успеа да израмни на 17:17, а потоа следуваше подобра игра на гостите. Успеаја да наметнат свое темпо и дојдоа до предност. Клучните моменти беа во завршниот дел од средбата. Тогаш дојде до две мини серии на Еурофарм Пелистер при што успеа да стигне 25:20.
На крајот домашните само ублажија со што дојдоа до конечни 21:25, но веќе беше јасно дека тимот од Битола ги носи бодовите од овој дуел и останува во трка со вардарци и во следните три кола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА