Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на тимовите кои се пријавени за настап во Лигата на шампионите.
Регистрираните тимови се поделени во две категории – тимови со фиксно место во Лигата на шампионите и тимови кои учеството за настап го добиваат со специјална покана или по барање на клубовите.
Вкупно 10 пријавени тимови имаат фиксно место под услов овие клубови да ги исполнат сите соодветни услови како што е наведено во правилникот на натпреварувањето.
Дел од оваа категорија е македонскиот шампион Еурофарм Пелистр, кој пред неколку дена започна со реконструкција на спортската сала ,,Боро Чурлевски”.
Освен Еурофарм Пелистер, фиксно, односно загарантирано место имаат и Барса, ПСЖ, ГОГ, Кил, Магдебург, Веспрем, Келце, Порто и Целје.
Вкупно 10 клубови побараа вајлд-карта за настап во елитното друштво, тоа се Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Спортинг, Колстад, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.
Системот на натпреварување во претстојната сезона останува непроменет и групната фаза од Лигата на шампионите ќе се состои од две групи со по осум екипи.