Еурофарм Пелистер во Маврово ќе фаќа залет за Европа

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе ги стартува подготовките за новата сезона во која го очекуваат големи предизвици.

Александар Јовиќ и Звонко Шундовски вечерва во 18:00 часот ќе ги соберат ракометарите, а веќе утре се оди на подготовки во Маврово.

Пелистерци ќе бидат таму до 1 август, а потоа тренинзите ќе продолжат во Битола, пред настапите на турнирите во Добој и во Охрид.

Од 14 до 18 август, Еурофарм Пелистер ќе биде во босанскиот град Добој каде ќе игра на силниот „ТВ турнир на шампионите“.

Од 23 до 26 август битолчани ќе настапат и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, а пред стартот на ЛШ, веројатно ќе биде одигран и Суперкуп дуелот со Вардар.