Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во новата сезона од Суперлигата, откако славеше на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 24-30.
Гостинскиот голман Ивановски отвори со неколку одбрани во серија, па по почетните 2-2, битолчани се одлепија на плус три, 3-6. Двата брзи гола на крилото Темелкоски го вратија Тиквеш во игра и по петнаесетина минути беше 5-6.
По 6-7, избраниците на Жељко Бабиќ казнија неколку грешки на домашните, па беше 7-10, а потоа и 9-13. Кавадарчани малку стегнаа во одбраната и беа поагресивни па малку по малку на минута до крајот стигнаа до реми, 14-14.
За предност на Еурофарм Пелистер на пауза се погрижи Велковски со погодокот за 14-15. На стартот на вториот дел битолчани се одлепија на плус четири, највисоки што ги имаа во мечот, 15-19.
Кавадарчани не помислуваа да се предада. Трпчевски на два пати од пенал и Дрогришки со деби голот во новиот клуб намалија на 20-21 и внесоа неизвесност во последните петнаесетина минути.
Сепак таа не траеше многу, битолчани повторно отидоа на плус четири, 22-26, па до крајот лесно ја одржаа разликата против избраниците на Ристо Магдинчев за конечна победа со шест гола, 24-30.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА