Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжуваат победничката серија во суперлигашкиот плеј-оф. Битолчани го забележаа седмиот триумф во осмиот натпревар откао славеа на гостувањето кај Струга со убедливи 14 погодоци разлика, 16-30..
Домашните иако ослабени без капитенот Николиќ и без Пајкоски, парираа во првите петнаесетин минути од натпреварот и водеа во повеќе наврати. По 8-7, следуваше серија на гостите за 8-12 и тоа беше најава дека битолчани го кршат отпорот на Струга.
До паузата ја задржаа таа разлика и во второто полувреме влегоа со позитива од четири погодоци.
Набрзина во вториот дел избраниците на Жељко Бабиќ обезбедија плус седум, 11-18 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот. Само рутински беше одработена задачата за триумф покрај езерото со конечни 16-30.
Сега следува репрезентативна пауза, а суперлигашките натпревари за двете екипи ќе продолжат на 8 и 9 мај. Битолчани ќе гостуваат кај Бутел Скопје, а Струга ќе биде гостин на Металург.