Есеноска играше за Охрид, сега се врати во татковината

Поранешниот ракометар на Охрид, Алекса Милошевиќ, кој по есенскиот дел од сезоната си замина од македонскиот клуб, во остатокот од оваа сезона ќе настапува во својата татковина односно за екипата на Динамо од Панчево каде што тренер е поранешниот стратег на ЖРК Куманово, Ненад Краљевски.

Милошевиќ ќе ја засили десната бековска позиција во амбициозната екипа од Панчево. Новиот клуб на Милошевиќ се натпреварува во плеј-оф фазата во Супер лигата на Србија и има големи шанси да обезбеди излез на европска сцена за следната сезона.

23-годишниот ракометар својата кариера ја започна во Пријепоље. Настапуваше и за Нови Пазар и Црвена Звезда. На интернационално ниво го носеше дресот на Решица од Романија.

За младинската репрезентација на Србија настапуваше на Светското првенство во 2018 година. Во Охрид требаше да биде замена за Денис Тот, но не се снајде најдобро во составот на Раде Стојановиќ.