Тимот на Еурофарм Пелистер славеше во братскиот двобој против Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36-27, со што му се реваншираше за ремито во првиот меѓусебен дуел за стартот на сезоната.
Победата за поискусниот тим беше обезбедена набрзина, откако избраниците на Ларс Валтер се одлепија на плус девет, 14-5. На пауза се замина со плус седум за вицешампионот, 20-13.
Во второто полувреме ракометарите на првиот тим се опуштија, па избраниците на Александар Јовиќ успеаја да намалат на четири гола негатива, но немаа ниту време ниту сили за нешто повеќе на овој натпревар.
Левото и десното крило на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески и Ненад Костески со по девет гола го предводеа првиот тим до триумф, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакна Дејан Кукуловски со по девет гола.