Tимот на Холабрун од Австрија каде што настапуваат Македонците Никола Костески и Влатко Митков стигна до важна победа во австрискиот плеј-оф против Кеплингер-Траун од 31:32.
Никола Костески беше убедливо најдобриот поединец во редовите на Холабрун и натпреварот го заврши со одлични 11 постигнати гола. Вториот Македонец, Влатко Митков мечот го заврши со два гола.
Тимот на Холабрун во плеј-офот после четири одиграни кола се наоѓа на третата позиција со три победи и еден пораз. Во следното коло Костески и Митков ќе гостуваат на екипата на Тирпол која се наоѓа една позиција пред нив.