Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, по шест одиграни кола во Лигата на шампионите е на првата позииција на листата на стрелци.
Тој досега на шест натпревари постигна 40 погодоци, а исто толку има и Дика Мем од европскиот првак Барселона.
На третото место е Микел Хансен со 39 гола, па следуваат Петар Ненадиќ со 38 и Хампус Ване со 37.
Следен предизвик за Вардар е гостувањето кај ПИК Сегед на 17 ноември, па Дибиров ќе има нова можност за погодоци.
Лига на шампиони, листа на стрелци:
1. Тимур Дибиров (Вардар) – 40
2. Дика Мем (Барселона) – 40
3. Микел Хансен (ПСЖ) – 39
4. Петар Ненадиќ (Веспрем) – 38
5. Хампус Ване (Фленсбург) – 37