„Ер Русија“ во Барселона – погледнете ја „вртенката“ на Шишкарев (ВИДЕО)

Барселона успеа за пет дена по вторпат да го совлада големиот ривал во Лигата на шампиони, Веспрем. Избраниците на Чави Пасквал одиграа уште еден одличен натпревар и остануваат перфектни со десет победи од исто толку натпревари. Екс вардарецот Данил Шишкарев постигна убав погодок што вреди да биде одбележан. Русинот од десната крилна позиција изведе „вртенка“ и го натера Перез де Варгас на колена да се обиде да одбрани, но и тоа беше неуспешно. Погледнете...