Репрезентативецот на Русија, Александар Ермаков го продолжи договорот со екипата на Чеховски Медведи.
Ермаков за клупскиот сајт ја искоментира одлуката за продолжување на договорот и ги сподели своите очекувања за остатокот од сезоната.
„Со семејството се навикнавме на животот овде. Односот со тимот и стручниот штаб е одличен, па решив да останам во московскиот регион уште неколку години. Имам многу да учам во Чехов, сакам да добијам повеќе искуство во шампионски тим“, изјави Ермаков.
26-годишниот пивотмен е играч на Чеховски Медведи од 2020 а дојде од Астрахан Динамо. Сезонава одигра 21 натпревар и постигна 100 голови во првенството и Купот.