Редакцијата на 24Ракомет од денеска почнува со „загревањето“... Покрај секојдневното известување, до крајот на ЕП ќе можете да прочитате и многу интервјуа, анализи пред и по натпреварите од ракометни стручњаци, претставување на сите учесници на ЕП, историјат на ЕП, видеа од Дебрецин, а се надеваме и од Будимпешта.
Машката ракометна сениорска репрезентација по седми пат ќе настапи на Европските првенства, а шести пат по ред, откако низата почна во 2012 година. Во јануари 2022 година македонските ракометари ќе играат во Дебрецин, Унгарија со надеж и цел да се продолжат добрите настани и да се пласираат во втората фаза од натпреварувањето. Подмладени, со нов селектор, со желби, мотив и со задача да се продолжи серијата што ја трасираа нивните претходници.
Како и секогаш кога се во прашање големите ракометни настани, 24Ракомет ќе се обиде да ви ги донесе сите информации поврзани со ЕП, со настапот на нашата репрезентација. Заедно со нашите партнери СН брокерско друштво и Mozzart ќе ви понудиме брзо, точно, веродостојно и аналитичко известување… фотографии, видео изјави. Се поврзано за најголемиот репрезентативен настан на почетокот на годината.
Редакцијата на 24Ракомет од денеска почнува со „загревањето“… Покрај секојдневното известување, до крајот на ЕП ќе можете да прочитате и многу интервјуа, анализи пред и по натпреварите од ракометни стручњаци, претставување на сите учесници на ЕП, историјат на ЕП, видеа од Дебрецин, а се надеваме и од Будимпешта.
Во делот на страната на 24Ракомет постои посебен дел Европско првенство (ЕП2022) каде на едно место можете да ги најдете сите вести поврзани со ЕП, вестите за македонската репрезентација, табелите од сите групи, анализите на нашите стручни соработници, фотогалериите, видео изјавите..
Можете да се приклучите и на нашата Вибер група и најбрзо и наједноставно да ги добивате сите најважни вести од ЕП. Едноставно кликнете на банерот кој излегува на страната и станете член на нашата група.
Секојдневен коментатор од ЕП ќе биде Горан Ѓоргоноски, поранешниот ракометен репрезентативец и основач на проектот „Ракомет за секое дете“.
Како аналитичари ќе се појават и поранешни селектори на Македонија: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Драган Ѓукиќ, Звонко Шундовски, Илија Темелковски и Стевче Стефановски. А анализи ќе прават и Пепи Манасков, Александар Зарков, Горан Андоновски…Најпознатите тренери ќе бидат дел од нашиот стручен тим.
Нашата колумнистка Билјана Благоеска-Петрушева од свој агол ќе ви ги пренесува збиднувањата од Унгарија, заедно со тимот составен од Петар Шимлеша, Душко Андов и фотографот Слободан Ѓуриќ кои уште од 11 јануари ќе бидат во Унгарија.
Бидете подготвени за уште еден голем настап на кој Македонија ќе игра… Да навиваме заедно…