Холандија беше во исклучително тешка група во квалификациите за ЕП и во конкуренција на Словенија, Полска и Турција го освои второто место со само еден пораз на шест натпревари. Ако квалификациите се показател за квалитетот може да кажеме дека Холанѓаните се на прагот на нешто големо на овој континентален собир.
Во квалификациската група 5 Холандија беше втора со ист број на бодови како и Словенија. На претходното првенство во 2020 година завршија на 17. позиција со само една победа. На ЕП 2022 Холандија ќе игра во група со Португалија, Исланд и Унгарија. Најголема опаснот за противниците на Холанѓаните се Кај Смитс и Лук Стеинс.
Репрезентативците на Холандија во последните неколку години се во постојан напредок, а потврда за тоа се и нивните трансфери. Лук Стеинс е дел од ПСЖ, додека Кај Смитс настапува во Бундес лигата. Има уште неколку играчи кои играт во квалитетните европски тимови и лиги. Во текот на квалификациите лесно можеше да се забележи напредокот на Холандија и разлика во однос на претходните изданија.
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ЛУК СТЕИНС
Лук Стеинс е висок само 173 сантиметри но тој е еден од најталентираните играчи и иднина на спортотот. Откако премина во ПСЖ во 2020 година веднаш беше забележлив неговиот напредок и го достигна нивото за настап во Лигата на шампионите. 26 годишниот ракометар го промени стилот на игра и е подготвен да ја стави главаата каде што некој не оди со ногата. Стеинс ја предводеше Холандија до првата победа на првенствата во 2020 година.
ИНТЕРЕСНО
Селекторот на Холандија, Ерлингур Ричардсон никогаш претходно не бил селектор на една репрезентација толку долго. Тој ја предводи селекцијата од 2017 година, а неговата работа дава вистински резултати.
ПРЕТХОДНИ УЧЕСТВА
Вклучувајќи го и ЕП 2022 ова ќе биде второ учество на Холандија на ЕП, додека најдобар резултат им е 17. место на првенството во 2020 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Б
13 ЈАНУАРИ – 20:30ч
УНГАРИЈА – ХОЛАНДИЈА
16 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ИСЛАНД – ХОЛАНДИЈА
18 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ХОЛАНДИЈА – ПОРТУГАЛИЈА