ЕП 2022: Србија е подготвена да направи чекор напред

После слабите резултати во последните неколку години Србија се одлучи да донесе странски селектор. Тони Херона ја презема репрезентацијата и ја предводи Србија со јасна визија и цел. Тоа се покажа како вистински потег, Србите повторно се на Европско првенство и доаѓаат со многу поголеми очекувања од претходно.

Србија не е на нивото со најдобрите репрезентации отако на домашното првенство во 2012 година го освои сребрениот медал. На првенството во 2020 година завршија на 20. место, а беа и 18. на СП 2019 додека на последниот Мундијал не обезбедија пласман. Очигледно е дека Тони Херона донесе промени во тимот и Србија го освои првото место во квалификациската група за ЕП. Нивните резултатите се навистина забалежителни, во квалификациите славеа над Франција и одиграа нерешено.

Во обидот за пласман во главната рунда клучен сегмент од играта на Србија ќе биде одбраната поддржана од голманите Дејан Милосављев и Владимир Цупара. Добрата атмосфера во тимот и желбата за докажување е уште еден дополнителен плус за добар резултат. Кога ќе се придодаде квалитетот од нападот под водство на Херона се создава комбинација која би требало на Србија да и донесе добар резултат на првенството.

Србија ќе игра во Сегедин што ќе биде голема предност бидејќи е многу близу до границата и ќе имаат можност за голема поддршка од навивачите. Противници на Србија во групата Ц ќе и бидат Украина, Хрватска и Франција. Резултатите од квалификациите во комбинација со добрите игри на ракометарите во своите клубови се добар адут на Србите во пресрет на тешките натпревари на првенството.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ДЕЈАН МИЛОСАВЉЕВ

Во тим со искусни играчи, моќен напад и силна добрана тешко е да се одбере клучен играч на екипата. Сепак, голманите можат да променат сè, а Србија е среќна што има двајца квалитетни голмани Дејан Милосављев и Владимир Цупара (неизвесен поради позитивен тест на коронавирусот). Милосављев постојано во последните сезони напредува и го докажува својот квалитет. После освојувањето на Лигата на шампиони со Вардар тој е клучна алка во тимот на Фуксе Берлин. Исто така од дебитантскиот настап во репрезентациајта во 2014 година има постојан напредок.

ИНТЕРЕСНО

Богдан Радивојевиќ, Мијајло Марсениќ и Вања Илиќ се најдобри пријатели и кумови  еден на друг и на нивните деца. Нивното пријателство од детството продолжи и преку ракометот, а беше овековечено со соодветни тетоважи на играчите.

ПРЕТХОДНИ УЧЕСТВА

Ова ќе биде 13. учество на Србија на европските првенства, а на досегашните 12 имаат одиграно 58 натпревари на кои имаат забележано 22 победи, 29 порази и седум нерешени средби. Вкупно имаат постигнато 1497 гола. Најдобар резултат Србите остварија на првенството во 2012 година кога освоија сребрен медал.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Ф

13 ЈАНУАРИ – 18:00ч

СРБИЈА – УКРАИНА

15 ЈАНУАРИ – 20:30ч

СРБИЈА – ХРВАТСКА

17 ЈАНУАРИ – 20:30ч

СРБИЈА – ФРАНЦИЈА