ЕП 2022: Словачка мотивирана во потрага по првиот триумф на ЕП

На девет одиграни натпревари на претхоните учества на ЕП Словачка не успеа да обезбеди победа, а доживеа осум порази. На првенството на кое се ко-домаќини тимот на Петер Куцка се надева дека ќе ја оствари првата победа и ќе обезбеди главна рунда. За да ја оствари целта и пласман подобар од 16. место на секој од турнирите на кои учествуваа Словачка се соочува со голем предизвик.

Шпанија, Франција, Германија, Шведска, Исланд, Посла и Данска, тешко дека може да изберете потешки противници на ЕП за репрезентација која е дебитант и не толку искусна која е во потрага по прв триумф. Само на последното првенство на кое играше Словачка успеа избегне пораз и одигра нерешено со Србија 21:21. Овој пат на домашен терен во Кошице избраниците на Петер Куцка против Норвешка, Русија и Литванија ќе се обидат да стигнат барем до еден триумф во рамки на групата Ф.

Селекторот на Словачка, Петер Куцка беше еден од ракометарите кој остави најголема трага во репрезентацијата. Тој има постигнато 410 гола и одиграно преку 100 натпревари за националната селекција до неговото пензионирање во 2015 година. Потоа Куцка почна со тренерската работа. Прв клуб кој го предводеше беше Кадетен Шафхаузен и успеа да ја освои титулата во домашното првенство. Како играч Куцка двапати играше на ЕП во 2006 и 2012 година и не се израдува на победа, па сега останува да се обиде како тренер да стигне до историски триумф.

Да се игра на домашен терен не значи дека е гарантиран добар резултат, пред своите навивачи притисокот е многу поголем. Тоа го потврдија и неколку претходни домаќини кои не постигнаа забележителен успех. Познатата арена и навивачите во неа ќе бидат предност на Словачка во однос на противниците, но дали тоа ќе донесе резултат останува да се види од 13 јануари.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ЉУБОМИР ДУРИШ

Кога Словачка играше на првенството во 2012 година Дуриш беше еден од најмладите во неговиот тим. Тоа беше прво големо натпреварување за средниот бек кој во следните години го потврди својот квалитет. Десет години подоцна Дуриш е капитен на Словачка и еден од најискусните во тимот. Довербата да ја носи капитенската лента од својот поранешен соиграч доволно говори за важноста на Дуриш за екипата.

ИНТЕРЕСНО

Словачка има одиграно најмногу натпревари на Европските првенства од репрезентациите кои сè уште немаат победа. Покрај нив тоа уште се и Босна и Херцеговина, Израел и Летонија кои имаат по само три натпревари и немаат триумф. Вкупно 31 селекција учествувала на ЕП во претходните 14 изданија, а само четири екипи се без триумф.

ПРЕТХОДНИ УЧЕСТВА

Ова ќе биде четврто учество на Словачка на европските шампионати, а до сега на сите претходни завршуваа на последното 16. место.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Ф

13 ЈАНУАРИ – 20:30ч

НОРВЕШКА – СЛОВАЧКА

15 ЈАНУАРИ – 18:00ч

СЛОВАЧКА – ЛИТВАНИЈА

17 ЈАНУАРИ – 18:00ч

СЛОВАЧКА – РУСИЈА