Поминаа 24 години откако Литванија го имаше првиот настап на Европското првенство во 1998 година. Сепак, во следните години генерациите кои следуваа не го задржаа нивото и следуваше пад на квалитетот и отсуство од големи натпреварувања. Во последните неколку сезони Ајденас Малашинскас и Јонас Трухановичиус стекнаа големо искуство со настапи во Лигата на шампионите и се подготвени да ја водат Литванија во следните предизвици, но Трухановичиус отпадна поради повреда.
Кога последен пат Литванците играа на ЕП сегашниот селектор Миндаугас Андриускас беше на почетокот на својата играчка кариера. Тој беше назначен за селектор во 2019 година кога даде ветување дека репрезентацијата ќе ја однесе на големо натпреварување и успеа да го оствари тоа. Литванците имаа тежок пат до првенството, но со тимот составен од играчи кои играат подолго заедно потпомогнати од искуството на единствениот освојувач на ЛШ со Монпелје, Јонас Трухановичиус го остварија овој успех.
Недостатокот на искуство во меѓународни натпрвари може да биде проблем за Литванија бидејќи најголемиот дел од играчите се од домашното првенство. Селекторот на првиот список имаше 35 ракометари од кои само 15 играле надвор од Литванија. Голем дел од играчите во странство играат во пониските лиги што може да биде клучно во пресметките со Норвешка, Русија и Словачка кои имаат многу искусни играчи во најдобрите европски тимови.
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – АЈДЕНАС МАЛАШИНСКАС
Ајденас Малашинскас е најискусниот ракометар во ростерот на Литванија со 35 години. Тој го имаше своето деби во европските натпреварувања во 2005 година во Челинџ купот со тим од Литванија, Лусис Каунас, а потоа одигра уште девет сезони во Лигата на шампионите со Гранитас Карис, Логроњо и Мотор постигнувајќи 428 гола. И оваа сезона Малашинскас игра одлично во ЛШ, на десет натрпевари за Мотор постигна 47 гола. Исто така бекот на Литванија беше клучниот играч во квалификациите.
ИНТЕРЕСНО
Јохан Трухановичиус е единствениот литвански ракометар кој некогаш ја освоил Лигата на шампионите за мажи. Тој беше европски првак со Монпелје во сезоната 2017/18. Поради повреда нема да биде во можност да настапи на овој шампионат, па без него Литванија ќе биде ослабена.
УЧЕСТВА НА ЕП
Две учества во: 1998 година и 2022 година.
Најдобар резултат: 9. место (1998 година).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Ф
13 ЈАНУАРИ – 18:00ч
РУСИЈА – ЛИТВАНИЈА
15 ЈАНУАРИ – 18:00ч
СЛОВАЧКА – ЛИТВАНИЈА
17 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ЛИТВАНИЈА – НОРВЕШКА