ЕП 2022: Врањеш ја води Словенија со визија за висок пласман

Откако го пропуштија првенството во 2014 година, Словенците во следните години забележаа напредок во пласманот. Во 2016 година беа 14-ти, потоа во 2018 година го осовија осмото место додека на последното беа четвртопласирани кога во борбата за медал загубија од Норвешка. Предводена од Љубомир Врањеш, Словенија е подготвена за нови успеси бидејќи во претходните години репрезентативците покажаа дека имаат квалитет.

Словенија има многу искусни играчи и млади таленти. Селекторот Врањеш има свој план и секој играч во тимот има своја улога. На последното ЕП имаа одличен настап, но на Светското  првенство настапот го завршија во главната групна фаза. Според квалитетот Словенија може да оди далеку и на ова првенство, но тие се фокусирани на првите три натпревари против Македонија, Црна Гора и Данска во Дебрецин.

Селекцијата на Словенија имаше одлични настапи во борбата за финале со Шпанија на ЕП 2020, а исто така и против Норвешка во борба за медал со што Врањеш имаше извонреден старт како селектор. Тој ја презема репрезентацијата неколку недели пред првенството и постигна голем успех. Предводници во тимот беа Јуре Доленец, Миха Зарабец и Блаж Јанц дополнети од младите телантирани играчи. Со ваков микс на искусни и млади ракометари Словенија е голема опасност за сите противници.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – БЛАЖ ЈАНЦ

Словенија има многуи талентирани играчи во тимот, но главна алка останува Блаж Јанц. Заменик капитенот ќе го има своето трето учество на ЕП, Јанц беше најдобар стрелец за Словенија на Олимписките игри во Рио 2016 и помогна на својата репрезетнација да го освои бронзениот медал на СП 2017. Десното крило добрите настапи ги потврди на ЕП 2020 кога беше дел од идеалниот тим на првенството. Јанц има одлични настапи и во Барселона, а брзината е негов главен адут и е клучен играч за брзи голови во составот на Врањеш.

ИНТЕРЕСНО

Во репрезентацијата на Словенија има шест освојувачи на Лигата на шампионите. Домен Макуц, Блаж Јанц и Јуре Доленец тоа го направија со Барселона во 2021 година, Сташ Скубе го подигна пехарот од ЛШ во 2019 година кога со Вардар стигна до трофејот во Кил. Миха Зарабец ја освои ЛШ во 2020 година со Кил, додека Љубомир Врањеш како играч ја нема освоено Лигата на шампоните, но како тренер го однесе Фленсбург до европскиот трон во 2014 година.

УЧЕСТВА НА ЕП

Вклучувајќи го ЕП 2022 – тринаесет учества на ЕП.

Најголеми успеси се: Второ место во 2004 годин и четвртто место во 2020 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА А

13 ЈАНУАРИ – 18:00ч

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА

15 ЈАНУАРИ – 20:30ч

СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА

17 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ЦРНА ГОРА – СЛОВЕНИЈА