ЕП 2022: Билик и Фримел се надежите на Австрија за сензација

На Европското првенство во 2020 година Австрија на домашен терен го оствари најголемиот успех на едно големо натпреварување освојувајќи го 8. место. После овој настан неколку австриски репрезентативци станаа главни играчи во своите клубови, но дали ќе биде тоа доволно да ја поминат прелиминарната фаза во која ќе играат во Братислава против репрезентциите на Полска, Германија и Белорусија.

Во 2020 година Австрија потпомогната од домашниот терен и фановите постигна одличен успех. Овој пат преку границата во Братислава ситуацијата ќе биде различна, противниците ќе бидат многу потешки во споредба со оние на ЕП 2020 кога играа против Чешка, Украина и Македонија. Доколу ѕвездите на екипата Никола Билик, Лукас Хутeчек и Себастијан Фримел бидат на потребното ниво Австрија има добри шанси да биде втора во својата група, но исто така првенството за нив може да заврши и многу рано.

Никола Билик е клучниот играч на Австрија, но повреда на коленото го одалечи од терените подолг период и тој во репрезентацијата се врати во ноември 2021 година на натпреварите против Чешка кога покажа колку е важен за тимот. Јасно е дека Билик е лидер во тимот, стекна големо искуство во Кил и се чини дека е во врвна форма. Тој многу и недостасуваше на Австрија на СП 2021 кога не ја поминаа прелиминарната рунда.

Сметајќи на мешаниот тим и спојот на младост и искуство, Австријците се стремат кон второто место во групата. Сепак, проблем претставува тоа што голем дел од играчите играат во Бундес лигата и се приклучија на репрезентацијата многу подоцна со што ќе имаат многу кратко време за подготовки. Селекторот Алеш Пајовиќ смета дека мора да поработат на ефикасноста за да имаат поголем успех на првенството.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – СЕБАСТИЈАН ФРИМЕЛ

Левото крило Фримел за разлика од многу негови колеги кои својата кариера ја продолжуваат во Бундес лигата, тој потпиша за Кадетен, а од летото 2021 година се приклучи на ПИК Сегед за кој има фантастични партии сезонава. Тој е одлична замена за Калман и најчесто реализира од контранапади. Покрај Хутечек, Фримел е играч на Австрија со најголем подем во последните неколку години.

ИНТЕРЕСНО

Австрија против Германија ќе игра петти пат во последните две години, после дуелот во подготвителниот период за ЕП 2020 кога Германија славеше 32:28, репрезентациите повторно се сретнаа го главната рунда каде што одново Германците славеа 34:22. Исто така овие две селекции беа во квалификациската група за ЕП 2022 каде што двапати славеше Германија.

УЧЕСТВА НА ЕП

Австрија ќе го забележи петтото учество на ЕП, а исто така е репрезентација која нема пропуштено ЕП или СП од 2018 година.
Најдобар резултат: 8. место на последното ЕП во 2020 година

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Д

14 ЈАНУАРИ – 20:30ч

АВСТРИЈА – ПОЛСКА

16 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА

18 ЈАНУАРИ – 20:30ч

БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА