Европската ракометна федерација соопшти дека натпреварот од првото коло од групата Ц меѓу селекциите на Србија и Холандија е одложен.
Причината е позитивен тест на една од српските ракометарки на првото тестирање во аеродромската зграда во Билунд по слетувањето во Данска.
По хигиенските протоколи на ЕХФ, ракометарката е изолирана во карантин, а останатите членови на српската селекција кои беа негативни остануваат во своите хотелски соби.
Второто тестирање е направено утринава, а ќе има уште едно во текот на утрешниот ден.
Доколку се биде во ред, натпреварот ќе се одигра во текот на утрешниот ден од 20:30 часот.