Денес на Европското првенство во младинска конкуренција, кое се одржува во Романија, се одигра второто коло.
Најголемо изненадување направи репрезентацијата на Португалија, која го изненади домаќинот и славеше со шест гола разлика, 36:30.
Сепак, и покрај поразот, селекцијата на Романија останува во игра за пласман во следната фаза, но за остварување на целта ќе треба во последното коло да триумфира против Германија, додека Исланд да слави против Португалија.
Нов пораз на младинскиот континентален собир забележаа Србија и Хрватска. Репрезентацијата на Србија беше поразена од Унгарија со 32:26 и за место меѓу најдобрите осум репрезентации ќе треба убедливо да ја порази Франција, а Унгарија да триумфира над Норвешка.
Хрватска вториот пораз го забележа од Холандија со осум гола разлика, 34:26. Исто како и Србија, така и ,,коцкестите” во последното коло треба да одиграат на високо ниво и убедливо да слават против Швајцарија.
За пласман на Хрватска во главната фаза неопходно ќе биде Шведска да слави во дерби дуелот со Холандија.
Место меѓу најдобрите осум репрезентации моментално обезбедија Шведска, Германија, Унгарија, Данска и Црна Гора.
ЕП младинки, 2. коло, резултати:
група А
Шведска – Швајцарија 35:31 (19:17)
Холандија – Хрватска 34:26 (17:15)
група Б
Романија – Португалија 30:36 (15:17)
Исланд – Германија 30:31 (16:13)
група Ц
Србија – Унгарија 26:32 (13:17)
Франција – Норвешка 31:24 (17:13)
група Д
Македонија – Данска 27:39 (13:18)
Чешка – Црна Гора 25:29 (13:12)