Според француските медиуми, тренерот на Нант, Алберто Ентрериос, ја одработува последната сезона на клупата на овој тим.
Раководството на Нант има понуда за продолжување на соработката со шпанскиот стратег, но тој се уште не одговорил позитивно.
Шпекулациите го селат во Лимож, тим што на лето ќе остане без сегашниот тренер Тарик Хајатун.
Ентрериос седна на клупата на Нант во 2019 година како прв тренер, иако како асистент и играч долго време е дел од овој клуб.