Ем брани, ем погодува – голманот Богдановски даде гол во мрежата на Астраион (ВИДЕО)

Екипата на Аеродром, која во изминатата сезона играше бараж за пласман во Суперлигата, во новата натпреварувачка сезона во Првата лига успеа да обезбеди висок триумф против Астраион со 37:22 (18:9), во натпревар од првото коло од групата Б. Солидно издание меѓу стативите имаше голманот на Аеродром, Марко Богдановски, кој во првото полувреме успеа да забележи осум одбрани, но и да постигне атрактивен гол во мрежата на домаќините.