По поразот од Португалија во првото коло, селекцијата на Исланд славеше над Алжир со убедливи 15 погодоци разлика, 24-39. Победникот беше решен во првиот дел, а сега двете селекции имаат по една победа и пораз.
Африканскиот ривал одржуваше рамнотежа само во почетните минути додека беше 3-3, а потоа се беше во знакот на „рибарите“. Поведоа со 3-6, а до крајот на првото полувреме обезбедија дури плус 12, 10-22.
Вториот дел беше само формалност и селекторот Гудмундсон ја распореди минутажата кај сите ракометари што ги имаше на располагање. Рутински беше довршена задачата за убедлива победа на Исланд со 24-39.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Бјарки Мар Елисон со 12 гола од 13 обиди, а Гудмундсон даде шест. Во селекцијата на Алжир се истакна Ајуб со пет погодоци.
Во третото коло, Алжир ќе се сретне со Португалија, но дури и да загуби ќе оди во главната рунда ако Исланд го победи Мароко.