Романскиот клуб Глорија Бузау, каде што игра македонската репрезентативка Елена Ливриниќ, објави дека вториот нејзин тест на коронавирусот е негативен.
Пред десетина дена, кога тимот од Бузау ги стартуваше подготовките беа направени тестови на Ковид 19, а тестот на нашата интернационалка беше позитивен.
Но Ливриниќ го победи коронавирусот и сега ќе може да се врати на тренинзите на нејзиниот нов тим.
Во Глорија Бузау, покрај Ливриниќ настапува уште една македонска репрезентативка Марија Штериова.